Сопствениците на Брера купуваат клуб од Серија Б
Сопстениците кои ја поседуваат Брера имаат повеќе клубови ширум светот, но клубот од Серија Б би бил нивни најголем проект.
„Купувањето на клуб од италијанската Серија Б не само што го подигнува нашето портфолио, туку и ја нагласува нашата посветеност за успех. Веруваме дека оваа аквизиција ќе отвори нови патишта за инвестиции и добивање навивачи“, изјави извршниот директор на компанијата Пјер Галопи.
Засега нема најава кој клуб од Серија Б би станал сопственост во Брера, а од компанијата потенцираат дека наскоро ќе објават дополнителни информации.