Скопје ја расплака Брера и по три години се враќа во Прва лига! (ВИДЕО)
На баражот кој се играше во Битола Скопје славеше победа од 1-0 против Брера со гол во самиот финиш, а херој беше Трајчевски кој погоди по мешаница која настана по изведен корнер.
Само неколку минути претходно Скопје пропушти голема прилика откако Ангелов не реализираше најстрога казна.
Скопје иако постигна само еден гол во најголем дуел од натпреварот беше подобар противник и создаде повеќе прилики пред голот на струмичани.