Силјановски по година ипол раскина со Фљамуртари и се враќа во Дебар Маало

Порнашниот макеоднски репрезентативец Горан Силјановски ја прекина соработката со албански Фљамуртари, каде играше во изминативе година ипол, па многу блиски е до промоција во скопски Работнички, неговиот поранешен клуб од каде во јуни 2017 година замина кај западниот сосед на печалба.

Силјановски е десен бек, кој беше стандарден десен бек и сега повторно е слободен играч, па албанските меидуми денеска објавија дека ја прекинал соработката со досегашниот клуб и дека веќе ги договорил деталите за враќање во Дебар Маало. Силјановски е поранешен фудбалер на Македонија ЃП, Вардар, Ренова, а во Работнички играше четири години, кога стигна и до репрезентацијата, за која има четири настапи.

Работнички веќе е во Анталија, па се очекува Силјановски брзо да им се приклучи на соиграчите и да се стави во погон. Тој треба да биде осмо засилување зимава, откако во клубот дојдоа Баже Илијоски, Дејан Блажевски, Мирослав Петровиќ, како и бразилските интернационалци Аусерио и Жунињо Кабрал и бугарските интернационалци Николај Дилгеров и Емил Вијачки.

Инаку за Силјановски по раскинувањето со Фљамуртари имало понуда да остане во Албанија, но да игра за Партизани, но десниот бек решил да ја заврши албанската авантура.