Силекс со фудбалер помалку немоќен во Црна Гора

Екипата на Силекс ќе има тешка задача во реваншот на домашен терен откако денеска претрпе пораз на гости кај црногорскиот клуб о 2-0.

Се најавуваше дека кратовчани имаат реални шанси за позитивен исход и на гостински терен, но на теренот сликата беше поинаква.

Домаќините беа подобриот противник на теренот и таквата игра ја крунисаа со гол во 39. минута од средбата. Проблемите за македонскиот вицешампион станаа поголеми откако по само пет минути игра во вториот дел исклучување заработи новото  засилување Мартин Мирчевски.

Триумфот на Дечиќ го потврди Ндиаје на 20-тина минути пред крајот. Сега, Силекс во реваншот кој е закажан за седум дена ќе треба да направи подвиг и да надополни два гола негатива ако сака пласман во второто коло.