Штипјани слават: Наумов херој на Брегалница во дербито со Кит Го во Пехчево!

Првото големо дерби во источната група во второлигашката конкуренција мина во знакот на штипска Брегалница која успеа да го победи Кит Го на гостувањето во Пехчево со 2-1 во третото коло во Втората лига.

Откако мрежите мируваа во првото полувреме од мечот, многу возбуда донесе вториот дел, откако штипјани поведоа по само четири минути игра по паузата, откако Кристијан Велиновски ја погоди мрежата на Кит Го, но пехчевци не чекаа многу и десет минути по примениот гол израмнија преку Мартин Стојанов. Ристе Наумов, поранешниот центарфор на Вардар на крајот се покажа како клучен и на 14 минути пред крајот на мечот вторпат донесе водство за Брегалница и практично ја обезбеди големата победа.

Брегалница, Кит Го и велешки Борец се очекува во оваа сезона да водат голема битка за првото место кое води директно во Првата лига, како и за второто кое носи бараж за пласман во баражот со третиот најслаб прволигаш за пополнување на елитата.