Шкупи со засили со талентиран фудбалер од Галатасарај

Шкупи на официјалниот веб-сајт објави дека го ангажирала четвртото засилување за следната сезона, а станува збор за еден од најталентираните турски фудбалери Фират Гулу, кој настапувал во младинскиот состав на Галатасарај, какои на турската репрезентација.

Гулу пристигнал во Шкупи уште пред еден месец и бил на подготовки со екипата во Охрид, па ги исполнил очекувањата на тренерот, по што Шкупи потпиша тригодишен договор со него.

„Пристигнав од Галтарасај и сакам да им се заблагодарам на луѓето кои ми дадоа настап да бидам дел од екипата. Свесен сум дека доаѓам во голем тим со многу навивачи. Секако, се надевам дека сезонава ќе ги исполниме очекувањата со помош на навивачите“, кажа Гулу.