Шкупи ангажира четири странски засилувања

Поранешниот македонски шампион Шкупи во еден ден промовира четири засилувања со кои ќе го нападне врвот во Првата лига.

Екипата од Чаир потпиша договори со Виктор де Оливеира, Јоан Симун Едмундсон, Емануел Аворнио и Абдул Рватубје.

Едмундсон е 32-годишен фудбалер и репрезентативец на Фарските Острови, а ќе треба да ја засили конкуренцијата во нападот на чаирчани.

Шкупи има и нов шпиц, а тоа е 22-годишниот Емануел Аворнио од Гана, кој доаѓа од тимот на Бечем Јунајтед.

Виктор де Оливеира има 23 години и доаѓа во Скопје од редовите на шведски Васалсундс, откако претходно играше за неколку бразилски тимови.

Рватубје се враќа во Чаир, каде што играше од јануари 2021 до август 2022 година, па сега повторно ја засили дефанзивата на Шкупи.