Шкендија останува со ист тренер – Ернест Ѓока и во следната сезона ќе ги води тетовци!

Актуелниот тренер на тетовска Шкендија, Ернест Ѓока нема да биде сменет, а тој веќе потпишал нов договор со црвено-црните и ќе го води тимот и во новата сезона која стартува на 9 август, објави албанскиот портал „Панорама Спорт“.

Според информациите на порталот, Ѓока веќе ја договорил соработката со раководството на Шкендија, кое било одлучно да му ја довери работата и за следната сезона откако нашле заеднички јазик околу концептот и проектот на тимот за новата сезона.

Шкендија со прекинот на сезоната заврши како третопласирана, зад првакот Вардар и Силекс, па кратовци ќе играат во квалификациите за ЛШ откако скопските црвено-црни не добија лиценца за излез во Европа втора година по ред.

Инаку во изминатиов период се најавуваше отказ на Ѓока и на негово место доаѓање на Илир Даја, но од тоа веројатно нема да има ништо. Сега се очекува Шкендија наскоро да објави официјално дека ја продолжува соработката, откако вчера ги задржа двајцата клучни фудбалери во својот тим, Бесарт Ибраими и Арменд Алими, а си замина Агим Ибраими, Марјан Радески, Константин Чешмеџиев, Самир Фазли...