Шкендија го демолираше Работнички на пријателски натпревар со 7-2!

Шкендија и Работнички ја искористија паузата во Првата фудбалска лига да одиграат пријателски натпревар во Тетово. 

Домашниот тим славеше убедлива победа од 7-2 против ривалот од Скопје. Тоа беше прв неофицијален натпревар за тренерот Борче Христов на клупата на „романтичарите“, кој го замени Александар Влахо.

Очигледно новиот кормилар нема да биде премногу среќе од од она што го виде од играчите кои ги има на располагање и ќе го чека напорна работа во продолжението од сезоната.

Гури постигна хет-трик за Шкеднија, Шаља стрелаше двапати, а по еден гол постигнаа Дориев и Хебај. Погодоците за скопскиот тим ги постигнаа Марио Станковски и Драган Стојков.