Самсоненко ги исплати долговите, Вардар куртули од суспензија од УЕФА!
Според одлуката на комисијата за финансиски фер-плеј на УЕФА, Вардар беше под условна суспензија до денеска да подмири долгови заклучно со 30 септември, а тие долгови беа плати кон вработените и фудбалерите, но и долгови за договорите на играчите, како најголем дел од вкупниот долг поради кој УЕФА се закануваше дека ќе го исфрли Вардар од Европа.
Сега на последниот ден од рокот, рускиот бизнисмен успеа да го подмири најголемиот дел од долгот, откако во Вардар почнаа да се исплаќаат заостанатите плати кон вработените и фудбалерите по завршувањето на есенскиот дел. Почетокот на исплатата беше по првата недела од декември, кога тренерите од младинско-пионерската школа се заканија со штрајк, па продолжи со исплата на плати кон фудбалерите, а таа продолжи на последниот ден од 2018 година, како и во овој прв месец од новата 2019 со што обврските кон сите вработени и фудбалери е завршена до септември.
Исплатата на долговите е добра вест за Вардар затоа што раководството на клубот покажа дека не го остава најголемиот бренд на цедило и сега ќе се смири ситуацијата за да може тимот без голем притисок да ја започне пролетната полусезона во која влегува како второпласиран со пет бода помалку од лидерот и првак Шкендија и со цел најмалку да излезе на меѓународна сцена.