Само бод за Македонија ЃП, Башкими ѝ даде пет гола на Каменица Саса

Водечкиот двоец на табелата во Втората лига од денеска е бодовно израмнет откако Македонија ЃП одигра само нерешено на гостувањето кај Кожуф во Гевгелија, додека Башкими оствари убедлива победа кај Каменица Саса.

Ѓорчепетровци не успеаја да ја пробијат одбраната на Кожуф и покрај тоа што доминираа во најголемиот дел од мечот. Во финишот имаа неколку изгледни шанси за гол, но домашната екипа се покажа во одлично дефанзивно издание и не дозволи да се затресе нејзината мрежа.

Башкими ја победи Каменица Саса со 5-0 како гостин и сега е втора најефикасна екипа во Втората лига, зад Арсими со 43 гола. Кумановци се без пораз од ноември кога загубија од Детонит со 1-3, а зад себе ги оставија двата нерешени резултати по ред со кои ѝ овозможија на Македонија ЃП да избие на чело.

Арсими славеше на гостувањето кај Скопје со 2-0 и се вмеша во борбата за директен пласман во Првата лига, а губитник од ова коло е Брегалница која загуби со 0-1 на гости кај Вардар Неготино и сега има голема негатива во однос на ривалите.ѓ

РЕЗУЛТАТИ
Детонит - Борец 2-0
Скопје - Арсими 0-2
Каменица Саса - Башкими 0-5
Кожуф - Македонија ЃП 0-0
Новаци - Победа 0-0
Осогово - Беласица 0-0
Вардар Неготино - Брегалница 1-0
Вардарски - Охрид 3-0

ТАБЕЛА: Македонија ЃП и Башкими по 53 бода, Арсими 51, Брегалница 48...