Ристовски се понуди за помош на фамилиите на настраданите кои се пренесени во Загреб!

Поранешниот македонски репрезентативец, Стефан Ристовски се понуди за помош на семејствата чии деца кои беа дел од повредените во кочанскиот ужас се пренесени во Загреб.

Македонскиот фудбалер кој настапува за Динамо Загреб вели дека стои на располагање за било каква помош.