Двата скопски прволигаши Работнички и Шкупи со победи ги заверија третото и четвртото место, кои водат во Европа, а Скопје и Пелистер во идната сезона ќе играт во Втората лига, по денешната разврска во сезонава во прволигашката конкуренција.

Работнички добро се препоти за да го обезбеди третото место на табелата, па го победи Скопје со 3-2, иако двапати имаше негатива. Скопјани грчевито се бореа за опстанокот, но откако Победа на полувреме поведе со Ренова со 1-0, полека стана јасно дека прилепчани нема да ја пропуштат шансата со триумф да стигнат до опстанокот. Христијан Кировски со два гола, од кои реализиран пенал во 82-та минута ја донесе големата победа за дебармаалци по што бившиот шампион директно патува во квалификациите во Лига Европа.

Шкупи немаше мака да го победи комбинираниот вардаров тим со многу младинци, па на Чаир славеше со 4-1 и со тоа залудна остана победата на Силекс во Турново, кај Академија пандев со 2-1. Ален Јашароски со два гола беше еден од хероите на чаирчани, кои сега ќе чекаат Шкендија да го освои Купот в среда за да им го отвори патот кон Европа. Тоа што Шкендија пролетва го покажа против битолчани со две победи со вкупни 10-0, значи дека Шкупи со право може да се надева на европско место, затоа што сензација над сензациите би било Пелистер да го одбрани трофјеот во Купот в среда.

Битолчани и Скопје ќе играат во Втората лига и за Пелистер ова е трагичниот крај по само една година откако без победници во Купот и најавија големи европски дострели. Но, Пелистер стигна на работ на амбисот, па сега пред овој голем македонски бренд се тешки денови за опстанокот.

Победа со голот на Зоран Даноски во првата минута од судиското продолжение во првиот дел го постигна голот вреден опстанок, па сега прилепчани ќе мора да се помачат преку бараж за да го осигураат прволигашкиот статус и тоа со подобриот од второлигашката пресметка на Борец и Гостивар.

ПРВА ЛИГА, 36. КОЛО (16.15 ЧАСОТ)

Работнички – Скопје 3-2 (1-1)

Петковски 45, Кировски 66, 82 п. - Демир 39, Кофи 62

Шкендија – Пелистер 4-0 (1-0)

Адили 45+1, Жуниор 47, Хасани 78

Победа – Ренова 1-0 (1-0)

Даноски 45+1

Шкупи – Вардар 4-1 (3-1)

Јашароски 26, 43, Илијоски 40, Шабани 77 – Адем 36

Академија Пандев – Силекс 1-2 (0-1)

Мишов 85 - Бујчевски 24, Благоевиќ 61

ТАБЕЛА

Шкендија 91, Вардар 56, Работнички 52, Шкупи 51, Силекс 50, Академија Пандев 42, Ренова 41, Победа 38, Скопје 35, Пелистер 34