Проблем за Пелистер - се повреди капитенот!

Фудбалскиот клуб Пелистер соопшти дека поради повреда во наредниот период ќе биде без својот капитен, Мирко Ивановски.

Еден од најзначајните фудбалери на Пелистер, лидерот на теренот, Мирко Ивановски извесен период ќе биде надвор од теренот.

„Нашиот капитен Мирко Ивановски заработи микро руптура на левиот лист и извесен период ќе биде надвор од терените“, објавија од битолскиот фудбалски клуб.

Ова може да биде удар за битолчани со оглед на тоа што оваа сезона секој освоен бод е важен во борбата за опстанок.