Поранешен македонски репрезентативец го превзема Охрид

Поранешниот македонски репрезентативец Гоце Толески е нов тренер на македонскиот второлигаш Охрид Лихнидос, откако денеска официјално беше промовиран за наследник на Драган Бочески.

Охрид остана без тренер во минатата недела, откако Бочески си поднесе оставка после поразот во Дебар од Кораби, па на последниот меч со Пелистер, клубот го водеше помошникот Марино Маркоски, кој сега останува во стручниот штаб на Толески.

Толески брзо се договори со управата на клубот и го презема за да се обиде со серија на добри резултати да го извади од дното во второлигашката конкуренција на западот. Дебито Толески ќе го има утре во пресметката со Кадино на гости.

Инаку бившиот репрезентативец веќе има искуство во тренерските води, зашто работеше во Академијата на Охрид.