Победа опстана, Вардарски и Борец се пласираа во Втора лига

Екипата на Победа обезбеди опстанок во второлигашката конкуренција откако попладнево во баражот го совлада ГФК Куманово со 2-1.

Се што беше важно на овој меч се случи од 62. до 73. минута. Победа поведе со 2-0, со головите на Дебрешлиоски и Шаркоски, а Куманово намали, но до крајот не успеа да направи пресврт или да се избори барем за пенали.

Нови членови на Втората лига се и поранешните прволигаши Вардарски од Богданци и Борец од Велес. Двата тима денеска славеа со 3-2, Вардарски против Кораб, а Борец против Велазерими.