Пелистер забрзано го комплетира тимот за елитата – продолжена соработката со двајца фудбалери

Повратникот во македонската фудбалска елита, Пелистер продолжува забрзано да го комплетира тимот со кој повторно ќе игра во Првата лига, па денеска продолжи договори со двајца фудбалери од ланскиот ростер – Христијан Драгарски и Лавдрим Фазлиу.

Битолчани досега се засилија со пет фудбалери, голманот Давор Талевски, дефанзивците Валентин Кочоски и Дарко Илиевски, црногорското крило Игор Пејаковиќ, како и играчот за врска Ѓорѓи Танушев.

Пелистер од ланскиот тим кој играше во Втората лига и до прекинот на сезоната заврши како прв, па со тоа обезбеди пласман во Првата лига откако ФФМ реши да ја прошири лигата на 12 екипи, се раздели со четворица фудбалери меѓу кои Димитар Иванов, Благоја Љамчевски, Антонио Бујчевски и Благојче Главевски.