„Пандевци“ заборавија што е тоа победа: Шкупи славеше во Турново

Академија Пандев загуби на домашен терен во „Турново“ со 1-2 од Шкупи и останува без победа во Првата лига веќе 14 натпревари. Струмичани никако да го скршат проклетството кое трае уште од 16 ноември, кога последен пат славеа во елитата и тоа на гости кај Пелистер со 3-4.

Шкупи денеска ги освои трите бода на стадионот „Кукуш“ благодарение на головите на Буњамин Шабани, кој погоди во 33-тата минута и Баже Илијоски, кој три минути подоцна ја затресе мрежата на Никола Вујанац.

Во финишот на првиот дел имаше многу возбудувања, бидејќи најпрво Благоја Љамчевски заработи црвен картон, а потоа Зоран Балдовалиев погоди од пенал за 2-1. Струмичани притискаа да израмнат, а најблиску до погодок беше Сашко Пандев во 89-тата минута, но откако одбрани Суат Зендели од голот топката ја извади еден дефанзивец на чаирачни. Имаше црвена картон и во редовите на домаќините, бидејќи во 78-та минута беше исклучен Костадин Чешмеџиев. 

Со оваа победа Шкупи ја прескокна Академија Пандев на првенствената табела и сега се наоѓа на шестата позиција, додека струмичани почнаа да „флертуваа“ со опасната зона.

Работнички по двете врзани победи под водство на новиот тернер Ѓоре Јовановски, денеска загуби на гостувањето кај Ренова со 2-1. Скопје беше домаќин против Силекс во Кичево и одигра 1-1, додека истиот резултат гласеше и на пелагониското дерби помеѓу Пелистер и Победа.

РЕЗУЛТАТИ 28.КОЛО
Вардар - Шкендија 2-3
(Колевски 43', Блажевски 47' ; Ибраими 6', 51', Муслиу 59')

А. Пандев - Шкупи 1-2
(Балдовалиев 45'+ п. ; Шабани 33' и Илијоски 38')

Пелистер - Победа 1-1
(Трифуновски 83' ; Даноски 59')

Скопје - Силекс 1-1
(Петковски 54' ; Глигоров 16')

Ренова - Работнички 2-1
(Раши 11' автогол, Стојановски 90' ; Шаркоски 86')

ТАБЕЛА
1. Шкендија 72
2. Вардар 49
3. Силекс 42
4. Работнички 35
5. Ренова 34
6. Шкупи 33
7. А. Пандев 32
8. Победа 26
9. Пелистер 25
10. Скопје 25