Од Чаир во Струмица: Руатубјаје од Руанда остана во ПМФЛ

По изненадувачката разделба со екипата на Шкупи, Абдул Руатубјаје од Руанда потпиша договор со Брера.

Дефанзивецот кој го носеше дресот на Шкупи во два мандати и освои титула во 2021 година сега ќе игра во Струмица.

Руатубјаје се врати во неговата Руанда во Рајон Спортс во 2022 година, а во февруари оваа година повторно потпиша за Шкупи каде и што ја започна актуелната сезона.

Изненадувачки си замина еден ден по натпреварот против Силекс кога одигра и цел натпревар. Станува збор за фудбалер кој е и репрезентативец на Руанда за која на 33 натпревари постигна три гола.