
Нов вардарец ја засили Академија Пандев
Мирчевски има 24 години и минатата сезона за „црвено-црните“ постигна осум голови и пет асистенции, но тие не му беа доволни на Вардар да обезбеди опстанок.
Младиот фудбалер потпиша двегодишна соработка со екипата од Струмица, а освен во Вардар, Мирчевски во минатото настапуваше и за Пелистер и Беласица.