Нето ја одложи промоцијата на Шкендија за нов шампион!

Актуелниот лидер Шкендија ќе мора да почека една недела за да ја офизијалицира шампионската титула откако Бразилецот Нето денеска му донесе победнички старт на Гоце Седлоски на клупата на Шкупи, па разликата во трката за титулата остана на 13 бодови на пет кола до крајот.

Шкендија идниот викенд против Борец во Тетово ќе ја има првата меч топка за да ја официјализира титулата без оглед што ќе направи нивниот најголем ривал Шкупи, кој исто така дома игра против Работнички, па на тетовци им одговара и реми ако чаирчани не победат на тој меч.

Актуелниот лидер кој веќе го лади шампионското шампањско денеска немаше проблем да ја освои Струмица кај последната Беласица, па зимското засилување Рубин Хебај даде два гола, а Ваљмир Нафиу еден за сигурни 3-0 и без својот најдобар фудбалер Бесарт Ибраими за да направат нов чекор поблизу до шампионскиот пехар.

Седлоски, пак, имаше победнички старт, иако чаирчани се измачија за да стигнат до триумф во Велес со 1-0 и да се зацврстат на второто место, откако Македонија ЃП опасно им се приближи користејќи го кризниот период со двата порази во низа.