
Навивач на Башкими удри играч на Саса, судијата не сакаше да го прекине мечот! (ВИДЕО)
Во 89. минута од натпреварот во Куманово еден навивач влезе на теренот и со вода испрска фудбалер на Каменица Саса, по што го турна на тревникот. Гостинските играчи излегоа од теренот, но судијата набрзо им нареди да се вратат на теренот затоа што постоеле услови за игра.
Инцидентот од натпреварот може да се погледне на 2.18.40 од видеото во продолжение.