„Мразиме сѐ што е македонско, на Македонците им посакуваме - сѐ најлошо!“
Под наслов „Не нѐ викајте Македонци“, анонимни водачи на „Балисти“ искажуваат еден куп шовинистички изјави и говор на омраза насочени кон македонската држава и народ.
„Мразиме сѐ што е македонско и на Македонците им посакуваме сѐ најлошо“, е речисицата која најсилно одекнува читајќи го написот во магазинот „Ривиста“.
Тие државата во која живеат и во која се натпреварува нивниот клуб постојано ја нарекуваат Илирида, а постојано ги величаат националистичките идеи за формирање Голема Албанија. Во интервјуто го споменуваат и Вардар, својот, како што и самите велат, најголем конкурент како и навивачите на овој тип, популарните Комити
„За Комитите сме олицетворение на стравот, секогаш кога ќе го слушнат зборов 'Балисти' не можат да спијат со денови. Тие се Македонци и се потпомогнати и македонската власт. Се мразиме едни со други“, велат претставниците на „Балисти“.
Ова е кој знае кој по ред националистички испад на навивачката група, која од Министерството за култура беше „наградена“ со пари за проект за промоција на државата за која самите велат дека ја мразат.