Македонскиот претседател ги слушна сите маки на најстариот клуб во земјава!

Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски денеска го посети најстариот клуб во земјава, Љуботен, кој прослави еден век постоење, па на лице место ги слушна сите маки кои со години и децении се соочува тетовскиот клуб.

Љуботен е формиран во 1919 година и е најстар македонски клуб, неодамна влезе во друштвото на стогодишниците и претседателот на државата сега се сретна со поранешните играчи на овој клуб Бошко Василевски и Дуле Јовановски, а од капитенот и претседател на клубот Дејан Савески ги дозна горливите проблеми, пред се немањето на свој стадион.

„Еден век ФК Љуботен. Особено ми беше чест што вчера го посетив клупското бифе и промуабетивме со поранешните играчи во клубот. Бошко Василевски и Дуле Јовановски се навратија на спомените од младоста, но и се потсетија дека условите во коишто тогаш играле биле далеку подобри од сегашните. Лице в лице со мене, капитенот и сегашен потпретседател на клубот, Дејан Савески вели дека најголем проблем за клубот е што нема сопствен стадион“, објави Пендаровски.

Останува да се види дали првиот човек на државата ќе се обиде да му помогне на најстариот клуб за да ги реши проблемите и во иднина Љуботен да има многу поактивна улога во македoнскиот фудбал од таа што ја има моментно.