
Македонски тренер ќе работи во Мароко, во клубот со најлудите навивачи на светот! (ВИДЕО)
Нов клуб на струмичанецот е најтрофејниот во Мароко, Раџа Казабланка каде ќе работи како асистент на Босанецот, Русмир Цвико. Клубот има исклучително богата историја, 13 титули во домашното првенство и 9 во Купот на Мароко, во двете категории рекордер во Мароко, а освои и три титули во африканската Лига на шампиони. Сепак, покрај големите успеси на теренот, Раџа Казабланка е позната ипо најлудите навивачи на светот кои прават фантастична атмосфера на натпреварите, без разлика дали се игра на домашна или на меѓународна сцена.
Тренчовски има долга кариера како тренер и фудбалски работник бидејќи повеќе од две децении работеше на повеќе позиции. Како тренер ги водеше Хоризонт Турново, Кожуф, Беласица, а потоа повеќе од седум години беше спортски директор на Академија Пандев. Подоцна и го водеше овој тим како шеф на стручниот штаб, пред да си замине во 2020 година. Оттогаш работеше во Кувајт, Саудиска Арабија и Бангладеш, пред да се пресели во Мароко.