Македонија ЃП минимално поразена од Штутгартер кикерс

Македонија Ѓорче Петров загуби со 1-0 од германскиот петтолигаш Штутгартер кикерс на пријателски натпревар во Анталија, Турција. 

Стрелец на единствениот гол на натпреварот за германскиот состав беше Мијо Туњиќ во 44.минута од пенал. 

На првиот натпревар за време на зимските подготовки во Анталија, „лавовите“ славеа со 1-0 против Спартак Варна. За три дена скопскиот прволигаш го игра својот трет и последен натпревар против Алтах.