
Куманово сака фудбал: Илјадници гледачи на локалното дерби! (ФОТО)
Дуелот на Башкими и Куманово заврши со победа на поранешниот куп-освојувач од 2005 година со убедливи 4-0, но мечот настрана головите го одбележа огромниот интерес, зашто вистинска реткост е да се видат така полни трибини на еден меч во најсилната македонска лига.
Станува збор за дуел во третолигашка конкуренција и посета за која безмалку сите прволигаши сонуваат, зашто сезонава скоро и да немаше исполнети трибини на некој меч.