Крцка „Под Тумбе Кафе“: Трибините веќе преполни - се чекаат уште Комити (ФОТО)

Големото дерби на македонскиот фудбал меѓу Пелистер и Вардар тукушто почна, а се остварија најавите на домаќините дека трибините на стадионот ќе бидат исполнети безмалку до последното место.

Новата трибина врие од домашни навивачи, според некои проценки има околу 5.000 фанови на Пелистер што е фантастична бројка за натпревар од македонското фудбалско првенство. Атмосферата е прекрасна и потсетува на дуелите на Пелистер и Вардар од пред две и повеќе децении

.

Се очекува наскоро да пристигнат и навивачите на Вардар кои од Скопје тргнаа со седум автобуси и приватни автомобили и би требало да ги има вкупно околу 1.000.