Комити: Отворете ги вратите за да се вратиме на трибините!

Најактивната подгрупа на Комити, „Екипа ПИВО – ФКВ“ го искажа својот револт затоа што на навивачите не им е дозволено да присуствуваат на спортските натпревари во Македонија.

Навивачите прашуваат како е возможно на некои места да има голем број посетители, при што дел од нив не ги ни почитуваат мерките против ковид-19, а на Националната Арена „Тодор Проески“ не се пуштаат ниту мал дел од капацитетот на трибините.

„Според информациите на некои медиуми, изминатиов викенд Зоолошката градина во Скопје ја посетиле околу 17.000 посетители. Толку посетители нема на годишно ниво низ стадионите во Македонија, а посебно не на Градски стадион Скопје. Тука се поставува прашањето, дали ова е чиста дискриминација врз навивачите во Македонија!? Очигледно дека е така!

Дозволени се протести, кадешто во никој случај не се запазуваат мерките за заштита; дозволени се преполни кафани во затворен простор кадешто исто така не се запазуваат мерките; дозволено е илјадници посетители дневно во зоолошки градини и паркови; дозволно е групирање за оддавање почит кон некоја личност...

Сепак НЕ Е ДОЗВОЛЕНО следење на еден фудбалски натпревар на Градски стадион, на отворен простор, којшто има капацитет од 35,000 и е повеќе од доволен за Вардаровите навивачи да почитуваат мерки. Доволно е 10% од капацитетот на стадионот да биде отворен за Вардаровите навивачи!

СТОП ЗА ДИСКРИМИНАЦИЈАТА ВРЗ НАВИВАЧИТЕ!

ОТВОРЕТЕ ГИ СТАДИОНИТЕ“, објавија од подгрупата на Комити.

Според информациите на некои медиуми, изминатиов викенд Зоолошката градина во Скопје ја посетиле околу 17.000...

Posted by Екипа ПИВО - ФКВ on Monday, March 1, 2021