Капитенот на Љуботен го постигна голот на годината во Македонија! (ВИДЕО)

Денеска на натпреварот помеѓу Зајас и Љуботен во рамки на Третата македонска фудбалска лига беше постигнат неверојатен гол од 60 метри. 

Стрелец на овој еврогол беше капитенот на тетовци Дејан Савевски, кој ги остави без зборови сите на стадионот во Кичево.

Ова дефинитивно е најубавиот гол годинава во македонскиот фудбал, реално би требало да биде и кандидат за наградата „Пушкаш“ за најдобар гол во светот.