
Како да учеле од Џаро: Во футсал едни победиле со 74, а други со 60 гола разлика!
Арбен Бајрами славеше против Јувентус Серава со 75-1, при што уште во првата минута биле постигнати четири гола и така бил направен првиот чекор кон убедливата победа против ривалот, а најдобар стрелец на мечот бил Назир Ељјеса со дури 25 гола.
КФМ Проект синоќа бил подобар од Енхалон со 62-2 и така запишал уште еден триумф во македонската футсал лига, додека најдобар стрелец на натпреварот бил Дарко Ранготов со 13 постигнати погодоци.
Колку за споредба, КФМ Проект во првиот меѓусебен дуел со Енхалон славел со 4-0, додека Арбен Бајрами го совладал Јувентус Серава со 11-5.