Загадувањето е проблем за Вардар: „Ако е преголемо ќе бараме алтернатива“

Воздухот во Скопје овие денови повторно е еден од најзагадените во светот. Дозволената граница на загаденост е неколкукратно надмината, па Градот Скопје и Владата дадоа одредени препораки за заштита на граѓаните.

Една од нив е да не се работи на отворено и да бидат запрени сите градежни работи низ главниот град. Фудбалерите нормално мораат да тренираат надвор, но од таборот на Вардар велат дека ја разгледуваат ситуацијата и ќе донесат одлука наскоро. Најверојатно овие недела дена ќе се работи во затворени простории се до заминувањето за Анталија.

„Јас бев во Белгија со семејстовото и не сум премногу запознаен со препораките. Знам дека воздухот е загаден, но ние како Вардар затоа имаме медицински тим. Во договор со нив ќе видиме што ќе преземеме. Ако не можеме да тренираме надвор, тогаш тренинзите веројатно ќе мораме да ги преселиме во некоја сала или затворена просторија. Ќе бараме алтернатива“, изјави Јаневски на денешниот прв тренинг.