Ибраими: Осум бода не се малку, ама доволно сме силни на крај да бидеме шампиони!

Најдобриот фудбалер на Шкендија веќе неколку години е Бесарт Ибраими, првиот стрелец на „тетовци“, кој денеска не даде гол за тетовци во ремито 2-2 во Скопје во дребито со Вардар, но доста заслужен што негвиот тим успеа двапати да се врати по две водства на скопските црвено-црни.

Ибраими после затворањето на есенскиот дел од сезоната по која Вардар оди со осум бода зимница на заслужен распуст, пред февруаркиот продолжеток на сезоната, посочи дека Шкендија е доволно силна напролет да стгне до хет-трик на титули.

„Осум бода не се малку, но мислам дека сме доволно силни за да стигнеме до шампионска титула“, вели Ибраими, додавајќи: Добар меч беше денеска. Вардар двапати водеше, ние двапати израмнивме. Од една страна можеше да загубиме, од друга страна можеше да победиме. Судијата нè оштети за два пенали, но можеби во тој момент не го видел тоа на таков начин. Се на сè, интересен и возбудлив меч“.