Швајцарците го помилуваа Џака за скандалот со ковид-вакцината!
Репрезентативците ги пропуштија натпреварите во септември и октомври, по што Швајцарците „измислија“ условна парична казна за Џака, но сега пристигнува информација дека друга санкција нема да има за фудбалерот.
Иако многумина очекуваа да му биде одземена капитенската лента и да остане надвор од тимот, стручниот штаб на Швајцарија реши да го врати Џака во селекцијата, но и да го остави да биде капитен во иднина.
Џака досега одигра 152 натпревари за Швајцарија, а притоа постигна 18 голови и 14 асистенции.
Фото: Facebook/Swiss Nati Men