Грнчаров и Бајевски уште три години во Вардар - им се приклучи и Нурединоски!

Најтрофејниот македонски тим Вардар сезонава не се избори за враќање во Првата лига, па решија да го засилат стручниот штаб пред предизвиците кои ги чекаат во следниот период.

„Црвено-црните“ потврдија дека шефот на стручниот штаб, Бобан Грнчаров ќе остане во тимот во следните три сезони, како и спортскиот директор Александар Бајевски, кој во моментов активно работи на засилувања за следната сезона.

Помошници на тренерот во иднина ќе му бидат Златко Таневски и Един Нурединоски, кој е исто така дете на Вардар, а доаѓа од либиски Ал Ахли, каде што минатата година беше дел од стручниот штаб на еден од најсилните африкански екипи.

Вардар сезонава заврши на третата позиција во Втората лига - Запад, и тоа со еден бод помалку од Воска Спорт и осум бода помалку од Силекс.