
Големо засилување во Штип: Македонскиот Колумбиец Херера потпиша со Брегалница
Херера доаѓа во Штип откако МТК будимпешта испадна од унгарската елита, каде играше заедно со Бојан Миовски (замина во Абердин) и Стефан Спировски, а претходно пет години беше дел од Работнички пред да замине во Унгарија.
Херера е десетто засилување за Брегалница летово откако во клубот дојдоа Адис Хаџановиќ од БиХ, Белгиецот Фајсел Касми, поранешниот македонски репрезентативец Горан Силјановски, долгогодишниот капитен на Борец, фудбалерот од средниот ред Ѓорѓи Ѓорѓиев, левокрилниот дефанзивец Александер Борха Кордоба, централниот дефанзивец Александар Ристевски, младинскиот репрезентативец Иван Николов, хрватскиот напаѓач Патрик Џалто, како и црногорскиот голман Немања Шчекиќ.
Колумбиецот има 27 години и е лев бек, но многу често повеќе е офанзивен одошто игра во дефанзива.