
Глигоров: Се надевам Вардар брзо ќе се врати во Првата лига и ќе освојува трофеи
Поразот на гостувањето кај Велешта значеше дека мора да има промени во таборот на нашиот најтрофеен клуб за да се врати експресно во Првата лига. Раководството на клубот се реши да му ја довери одговорноста на поранешниот играч, кој беше вклучен во работата во тимот и претходно.
„Ми претставува огромно задоволство и привилегија што ја добив довербата од управата на клубот да бидам вршител на должноста шеф на стручен штаб на ФК Вардар. Во исто време ми претставува огромна одговорност пред целокупната јавност а посебно пред нашите најверни навивачи 'Комити' чија поддршка многу ја ценам. Голема благодарност до досегашниот шеф Горан Симов за се што направи за ФК Вардар и нас колегите. Имам голема доверба во стручниот штаб и играчите и се надевам дека за брзо време ФК Вардар ќе се врати во првата лига и ќе освојува трофеи“, изјави Глигоров.