
Ѓоре Јовановски стана координатор во најголемата фудбалска академија во Македонија
Ова е прво вакво искуство за трофејниот стратег, кој беше тренер на Слога Југомагнат и тоа во најславните денови од клубот, а беше мемаџер и на Работнички со кого освои две шампионски круни. Во кариерата, освен во Македонија (покрај Слога, Вардар и Работнички, ги водеше и Милано, Металург, Шкендија, Брегалница и Беласица), беше тренер и на турскиот Самсунспор и бугарска ЦСКА.
"Ова е биде сосема ново искуство за мене, понудата ја прифатив, затоа што ги препознав амбициите на сопственикот Рацо Цветановски. Кул е фудбалска академија која има најдобри услови во Македонија, верувајте младинците на нашите најпознати клубови не тренираат во вакви услови, нив ги влечат по разноразни терени, балони, а така тешко да има напредок. Мојата задача во Кул ќе биде координатор на повозрасните категории, консултации со нивните тренери, воведување на некои новитети, сѐ со цел клубот што повеќе и побрзо да напредува. Со добра работа и со цврста волја, убеден сум дека резултатите ќе дојдат. Ова воедно е и мој апел до луѓето што го водат македонскиот фудбал, да инвестираат во инфраструктура за младите категории, зашто само така ќе можеме да ги пратиме модерните трендови во светот", вели Јовановски.