Гачевски: Душмани, каде сте сега?
Ракометарите денеска ја запишаа четвртата победа по ред во Лигата на шампиони против Рајн-Некар Левен (29-27), а фудбалерите триумфираа против Академија Пандев (3-0) и така ѝ избегаа на Шкендија на плус седум.
По големите успеси на двете екипи се огласи голманот на ФК Вардар, Филип Гачевски, кој им порача на „душманите“ дека Вардар гази сè пред себе.
„Браво мој Вардаре!!! Браво за моите соиграчи – фудбалери, браво за ракометарите!!! Газиме сè пред себе, а добро знаеме што зборуваа за нас... Па, баш ме интересира каде се сега душманите, тие најгласните???
Нема врска... За нас е на ред Шкедија, а јас знам едно – Шкендија сака репете.
Ајде, ајде Вардареее!!!
Никој ништо не ни може.“