Фудбалерите на Шкендија скокаа и се радуваа како мали деца (ВИДЕО)

Шкендија во следното 29.коло доколку освои барем еден бод против Шкупи во Тетово и математички ќе биде нов шампион на Македонија. Но и покрај тоа, тетовци денеска ја искористија шансата да се порадуваат на „Филип Втори“ по победата од 2-3 против Вардар.

Имаше искрена радост на фудбалерите на Шкендија, кои се на прагот до втората шампинска титула во својата историја по 2011 година и извикуваа, „шампионе, шампионе, шампионе алее алее алеее“. Тренерот Ќатип Османи, како еден од главните креатори на оваа моќна Шкендија беше фрлан во воздух од своите фудбалери.