
ФФМ закажа одложен меч за 2050 година! (ФОТО)
Уште од поодамна беше јасно дека дуелот на вардарци против „пандевци“ ќе се одложи и дека најверојатно ќе се одигра или на крајот на годинава или на пролет, а Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на својата интернет-страница го закажа дуелот во – 2050 година!?
Според ФФМ, дуелот Академија Пандев – Вардар ќе се игра на ден пред Нова година (31.12) за 33 години отсега. И тоа во термин – 10.10 часот наутро.