Фенербахче го купува скопски Вардар!

Турскиот великан Фенербахче, кој има статус на „балкански Реал Мадрид“ има желба од најтрофејниот македонски клуб Вардар да направи своја филијала, објави најугледниот турски весник „Фанатик“, додавајќи дека веќе е почната процедурата да ја купат скопската гордост.

Вардар изминатата сезона доживеа фијаско, па само една година по шампионската титула, 12-та во својата историјата, испадна од лигата со натоварен три ипол милионски долг, па сега со ново раководство планира експресно да се врати во елитата.

Непознатиот скопски бизнисмен Слободан Крстевски кој беше спонзор на Беласица, клуб кој исто така испадна во Втората лига се јави како човел што треба да го спасува клубот, а нов тренер да биде Горан Симов, доскорешниот кормилар на Силекс, клуб кој исто така испадна.

Според „Фанатик“, првиот човек на Фенербахче, Али Коч од поодамна најавил дека во регионов бара клуб за своја филјала, практично кој ќе го управуваат од Истанбул, ама ќе им биде извор на нови фудбалери и наводно веќе се почнати преговори за оваа операција.

Весникот посочува дека од вакво партнерство, најмногу е иницирано од фактот дека турската федерација засега сѐ уште не дозволува Б-тимови да се натпреваруваат во турскиот фудбал, па шансата за развој истанбулскиот гигант ја гледа во ваквата соработка. Плус, Вардар во случајов би можел да профитира со добри фудбалери и брзо да се врати на евросцената, а играчите би добиле поголемо искуство пред повторно да се вратат во „балканскиот Реал Мадрид“.

„Ни фали филијала, многу играчи не добиваат доволно време, минутажа, не може добро да се развиваат. Но, ако имаме таков клуб под себе, многу побрзо би ги развивале и би ги лансирале“, вели Коч.

Фенербахче добро го памети Вардар, кој го елиминираше турскиот гигант во историската 2017 година, кога со 1-0 и 2-1 славеше во плејофот за пласман во групите во Лига Европа. Инаку, Фенербахче добро знае дека Македонија е тло со големи таленти, особено што од Елиф Елмас, македонскиот дијамант се наполнија со пари, па во 2017 година го земаа скоро бесплатно, само за тренинг компензација, а две години потоа го продадоа за 16 милиони евра во Наполи.