Дарко Глишиќ потпиша за Гостивар (ФОТО)

Македонскиот фудбалер Дарко Глишиќ на крајот на минатата сезона го напушти Вардар, а денеска беше промовиран како најново засилување на Гостивар.

Искусниот лев бек го носеше дресот на „црвено-црните“ од 2021 година, но амбициозниот тим на Гостивар реши да го ангажира во обид да стигне до повисок пласман во Првата лига.

Глишиќ во минатото играше и за Докса, Арда, Септември Софија, Динамо Тбилиси, Напредок, Тетекс и Шкупи.