Четврто засилување во Ѓорче: Пристигна голманот Ристо Јанков

Maкедонскиот чувар Ристо Јанков е нов голман на Македонија Ѓорче Петров каде што пристигнува без отштета по истекот на договорот со Шкендија каде што бранеше во изминатата сезона.

Јанков е четвртото засилување за „лавовите“ сезонава кои се подготвуваат за враќање во најсилната конкуренција откако минатата сезона ја поминаа во Втората лига. 

Пред Јанков во клубот пристигнаа: Дарко Глишиќ, Мартин Талаков и Мухамед Елмас.

Најголем дел од кариерата 26-годишниот Јанков помина во Македонија каде што бранеше во Работнички, Локомотива, Брегалница и Тиквеш, додека надвор од границите на нашата земја беше дел на Каспиј од Казахстан и романскиот Поли.