Брера го назначи Горазд Михаилов за нов тренер

Две недели откако си замина од Вардар, Горазд Михаилов најде нов ангажман, во тимот на Брера од Струмица.

На позицијата шеф на стручниот штаб во овој клуб, 50-годишниот стручњак ќе го замени Бојан Круљ со кого Брера вчера ја прекина соработката. Помошници на Михаилов ќе бидат Тане Темелков и Тони Атанасов, а со голманите ќе работи Ѓорѓе Шопов.

По четири одиграни кола, Брера се наоѓа на последната позиција на табелата со само три бода, колку што има и 11-пласираниот Вардар. Во својата 15-годишна тренерска кариера, Михаилов работеше во уште неколку македонски клубови: Охрид, Пелистер, Тетекс, Напредок, Борец и Силекс, а извесен период помина и на Исланд, во БиХ и Обединетите Арапски Емирати.