Брегалница му врачи специјален дрес на Гачевски! (ВИДЕО)
Една сезона од својата кариера Гачевски ја помина во Брегалница, таму бранеше во сезоната 2014/2015.
Гачевски денеска се врати на стадионот во Штип, но како голман на противничкиот тим, на Вардар.
Пред почетокот на мечот, тој доби дрес од Брегалница со број 912. Тоа е бројот на минути кои Гачевски ги врза без примен гол и постави рекорд во македонското првенство.