Брегалница го „зацрни“ Ново Црнилиште!

Во фудбалскиот Куп на Македонија се одигра неверојатен натпревар на кој Брегалница со 22-0 го совлада тимот на Ново Црнилиште. 

Штипјани немаа милост против нисколигашот и ја наполнија мрежата на противникот до „врв“. На полувремето на „Градскиот стадон“ во Штип беше 6-0, а во вториот дел второлигашот постигна уште неверојатни 16 голови.

Останатите натпревари од шеснаестинафиналето во Купот се играат во вторник и среда.

КУП НА МАКЕДОНИЈА
1/16-финале

(вторник, 17 часот)
Кит Го - Пелистер
Љуботен - Тиквеш

(среда, 17 часот)
Саса - Вардар 
Фортуна - Силекс
Охрид - Беласица
Кожуф - Ренова
Кравари - Лабуништа
 Тетекс - Шкупи
Локомотива - Струга
Влазрими - Работнички
Превалец - Борец
Осогово - Победа
Гостивар - Шкендија