Бешикташ ги искористи грешките на Шкупи за убедлив триумф во Истанбул (ВИДЕО)

Турскиот гигант Бешикташ беше пресилен за лидерот во македонското првенство Шкупи и го совлада со 3-0 во контролната пресметка која се одигра денеска во Истанбул.

Бешикташ поведе во 12. минута од натпреварот, откако Мехмет Топал ја натскока одбраната на тимот од Чаир и го матираше голманот Кристијан Наумовски.

Само пет минути подоцна Алекс Тешеира зголеми на 2-0 по лошата реакција на Наумовски во казнениот простор, а конечните 3-0 ги постави Гувен Јалцин откако во 50. минута погоди во поблискиот агол од голот.

Видео: Инфоспорт.мк