Беласица убедливо поразена од Царско Село

Беласица бележи лоши резултати на зимските подготовки, струмичани овој пат беа немоќни против Царско Село и беа поразени со резултат 4-1. Тренерот на Беласица не може да биде никако задоволен од пристапот на своите фудбалери. 

 

 

За Беласица ова е втор пораз во низа на којшто тимот прима четири голови. Во претходниот дуел Локомотив Пловдив ја полнеше мрежата на македонскиот клуб, додека сега дефанзивците на Беласица беа немоќни и против бугарскиот второлигаш.

Единствениот погодок за избраниците на Марјан Живковиќ беше дело на Пепи Ѓоргиев.