
Башкими сака бодови од Тетово, Шкендија е одморена и цели кон сигурна победа!
Паузата за репрезентации добро им дојде на повеќето од фудбалерите на Шкендија кои се одморија по згуснатиот распоред на почетокот од сезоната настапувајќи и во Европа и во домашната лига.
„Атмосферата во екипата е многу добра. Добро нѝ дојде малиоt одмор, бидејќи поминавме еден период со многу згуснат распоред. Добро сме подготвени за натпреварот со Башкими. Го имаме анализирано добро противникот, и можам да кажам дека станува збор за многу сериозна екипа, и ние мораме сериозно да го сфатиме овој натпревар, да излеземе на терен, да дадеме максимум и да ги освоиме трите бода“, изјави десниот бек на Шкендија, Александер Трумчи.
Од Башкими не планираат да излезат со бело знаме, тие имаат свои математики и сакаат да покажат дека дебаклот од Струга (пораз од 5-0) бил само лош ден.
„Влегуваме во секој натпревар со цел да освоиме три бода, истото ќе биде и во Тетово. Сепак, свесни сме дека играме против силен противник и дека дури и нерешен резултат би бил прифатлив за нас“, изјави капитенот на Башкими, Арменд Алими.
ПМФЛ 5. коло:
Петок
Шкендија - Башкими 15:30
Вардар - Македонија ЃП 19:00
Сабота
Брера - Шкупи 15:30
Силекс - Работнички 15:30
Недела
Струга - Тиквеш 15:30
Пелистер - Арсими 19:00